петок, 3 април 2026

Обуки на УЈП за студентите за нивните обврски и права

Нашата цел е заеднички да градиме здраво општество преку исполнување на даночните обврски и истовремено нашето општество да има исполнителни млади луѓе кои даваат сопствен придонес во заедничките цели. Ова е заклучокот од средбата на раководителите на УЈП со претседателката на Универзитетското собрание на студенти при УКИМ (УСС – УКИМ), Ангела Василевска и заменик претседателот на УСС – УКИМ Адам Стојановски.

Објавено на

часот

Сподели

Беше договорено од страна на УЈП да бидат организирани обуки со цел запознавање на студентите со нивните обврски, но и права поврзани со работата која ја извршуваат во странство преку програмата Ворк енд травел (Work and Travel). Обуките ќе започнат од понеделник.

Ќе бидат изготвени видео материјали и флаери кои ќе бидат дистрибуирани на студентите. Врз основа на пројавениот интерес од страна на претставниците на УСС – УКИМ, видео материјалите кои ќе бидат дистрибуирани до студентите ќе бидат изготвени од нивна страна.

Студентите кои не извршиле поврат на данок врз основа на извршена работа преку програмата Work and Travel имаат можност да обезбедат потврда за резидентност од УЈП за да го остварат правото на поврат на задржаниот данок од странската земја (со која имаме склучено договор за одбегнување на двојно оданочување). На средбата се разговараше и за можностите за олеснување на плаќање по доспевање на обврската.

Претставниците на УСС – УКИМ презентираа идеја за формирање на работна група од нивна страна која би работела на законските измени кои се однесуваат на студентите во делот на доуредување на даночниот третман на доходот остварен преку програмата Work and Travel и побараа поддршка од УЈП.

Студентите беа поддржани од УЈП.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ