сабота, 26 јули 2025

Обука на советниците во Уставниот суд за судската пракса на ЕСЧП

Уставниот суд соопштува дека во периодот од 14 до 16 јули 2025 година се одржува третата по ред специјализирана обука за советниците во судот со фокус на унапредување на знаењата за судската пракса на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП).

Објавено на

часот

Сподели

Програмата опфаќа теми поврзани со членовите 9–11 и 14 од Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), како и член 1 од протокол бр. 12. Учесниците имаат можност да се запознаат со платформата HUDOC за пристап до судската пракса на ЕСЧП, критериуми за прифатливост на предмети, симулации на усни аргументи и советување, методологија за цитирање на судска пракса и практична работа преку студии на случај и изработка на нацрт-документи.

Како обучувачи се ангажирани правните експерти Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во ЕСЧП, Мартин Сопронов и Штефица Стажник.

„Оваа обука е дел од пошироките напори за институционално јакнење на Уставниот суд, вклучувајќи подобрување на законодавните и административните капацитети, транспарентноста и управувањето со работата на судот, наведуваат од Уставниот суд.

Обуката е дел од проектот на Европската Унија за поддршка на владеењето на правото и унапредување на човековите права, финансиран преку ИПА 3 – механизмот. Главната цел е зајакнување на капацитетите на Уставниот суд во областа на заштитата на основните права и унапредување на квалитетот на уставната правда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ