петок, 12 декември 2025

ОБСЕ одржа тркалезна маса со претставници на македонското малцинство во Албанија

Во организација на ОБСЕ во Корча, Албанија, денеска се одржа  тркалезна маса со претставници на малцинствата во оваа земја, на која како претставник на македонското малцинство учествуваше Васил Стерјовски.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата присуствувал и амбасадорот на ОБСЕ во Албанија, Мишел Таран.

„Со голема благодарност до ОБСЕ за постојаната поддршка на правата на малцинствата во Албанија, ја искористив оваа прилика да ги изнесам предизвиците со кои се соочува македонската заедница.  Истакнав некои од клучните прашања за кои бараме поддршка“, информираше Стерјовски.

Посочи дека побарал зајакнување на образованието на македонски јазик, застапеност на Македонците во институциите на сите нивоа, загарантирани квоти за малцинствата во албанското Собрание, како и поддршка во создавањето на услови за економски развој во регионот каде што живеат Македонците.

„Посебно се осврнав и на актуелната политика на Бугарија, за асимилација на Македонците во Албанија, што е сериозен предизвик за нашиот идентитет и култура“, додаде Стерјовски, претседател на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ).

Тој изразил голема благодарност до амбасадорот Таран за неговата безрезервна поддршка и охрабрувачките зборови, кои „ни даваат сила и мотивација да продолжиме со нашата борба за зачувување на македонскиот јазик, идентитет и култура”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ