среда, 10 декември 2025

Владата ќе треба да одлучи дали основците ќе ги симнат маските за во училиште

Објавено на

часот

Сподели

„Сите предлози и препораките на Комисијата за заразни болести ќе се разгледаат на наредниот состанок на Централниот координативен штаб за кој се очекува да заседава деновиве. Потоа записникот од Штабот треба да биде усвоен на наредната владина седница. Очекуваме на наредната владина седница да биде усвоен записникот од Централниот координативен штаб, односно дали ќе се прифатат или не сите препораки на Комисијата за заразни болести“, рече Хоџа во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Комисијата за заразни болести минатата недела на седница препорача за децата во основното образование да не биде задолжително носењето на маски, како и да не биде потребен сертификат за вакцинација или за прележан ковид-19 за посета на отворените делови и терасите на угостителските објекти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ