среда, 10 декември 2025

Вакцините „Фајзер“ со поминат рок се повлечени, оние кои се во употреба имаат рок до мај, јуни и јули

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на уништувањето на вакцините, цената е симболична велат од МЗ и додаваат дека е по килограм вакцини.

„Потенцираме дека сите вакцини кои во моментов се во употреба се безбедни и сигурни. Нашиот фокус останува промоција на бенефитите од имунизацијата како најдобра превентивна мерка“, стои во одговорот на Министерството за здравство.

Државава во моментот на располагање има околу 270 илјади дози вакцини „Фајзер“, од кои дел се со рок на траење до крајот на мај, јуни, јули, а исто така на располагање се и вакцините кои се обезбедени преку Ковакс-механизмот, како помош од Италија, што неодамна пристигнаа во нашата држава. 

Министерството за здравство, исто така, располага со одредени количини вакцини Синофарм и Синовак, кои претежно се користат за втора доза.

Инаку, во моментот на нивната набавка, државата се обврзала дека ќе го почитува начелото на доверливост во однос на цената.

К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ