вторник, 15 јули 2025

Утре протест организира НСОН, барањата се доставени минатата недела, во МОН молчат

Објавено на

часот

Сподели

Во повикот на НСОН до вработените во образованието и до јавноста се вели:

„Како резултат на недостаток на социјален дијалог, погазување на работничките права, погазување на достоинството на просветните работници, непочитување на законите и колективните договори, членовите на НСОН ќе го искажат своето незадоволство преку јавен протест. 

Незадоволни сме од најавите за спојување на повеќе наставни предмети ГеографијаИсторијаХемијаФизика, БиологијаГраѓанско образованиеЕтикаИнформатикаТехничко образование. Ваква појава може да предизвика губење на дел од работните места, а истовремено го погазува професионалниот интегритет на работниците.Незадоволни сме и од непочитувањето на колективните договори во секторот образование. Во моментов најниската плата за најнизок степен на сложеност изнесува 12.000 денари (нето), а сведоци сме дека минималната плата во државата изнесува 20.175 денари (нето). Министерството за образование и наука нема слух ниту волја да ги почитува законите, а паралелно на сето тоа, сведоци сме како јавните функционери експресно ја спроведоа одлуката на Утавниот суд и добија покачување за 78%.

За јавниоте функционери законот е закон и тој мора да се почитува, а за просветните работници не важат истите правила“.

                                                                                                                                                           П.Џ.

лн

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ