На примопредавањето на донацијата, како што информира Министерството на социјалната мрежа „Фејсбук”, присуствувале унгарскиот амбасадор Ласло Дукс и министерот за здравство Беким Сали.
„Тестовите веднаш ќе бидат распределени во здравствените установи и со нив значително се олеснува пристапот на пациентите кон тестирање, а се олеснува и движењето на пациентот во установата со цел добивање на неопходниот здравствен третман,“ изјави министерот Сали.
Тој се заблагодари за поддршката и солидарноста од страна на Унгарија, со цел поуспешно справување со ковид пандемијата.






