„Почнува втората недела откако децата се надвор од процесот на образование децата се надвор од процесот на згрижување и воспитување од детските градинки. Решението кое што го понуди Владата до претставниците на СОНК беше зголемување на платите за 10 % на наставниците професорите, воспитувачите и негувателите, отворање на општ колективен договор и нова методологија за постојан раст на платите кој што ќе го следи растот на цените на трошоците на живот и растот на просечната плата. Ваквото решение беше одбиено од страна на СОНК што зборува дека не станува збор за интересите на децата и учениците туку СОНК постапуваат само согласно на своите лични интереси,” рече Тренчевска
Да потсетиме дека во 2019 година, додаде Тренчевска, порастот на платите во детската заштита беа зголемени за 21 % и со овој пораст од 10% покачување на платите ќе имаме покачување од 31% за само неполни 3 години. Покачувањето од 2500 денари во просек на платата на воспитувачите и 2000 денари во просек на платата на негувателите во услови на Ковид криза, ценовна криза и економска криза е навистина пораст кој што требаше да биде прифатен од страна на организаторите на штрајк -СОНК.
„За она што децата се сеуште надвор од процесот на образование и од процесот на згрижување во установите за предучилишно образование единствено се виновни СОНК како организатори на штрајкот, со тоа што го продолжија штрајкот, а не го прифатија реално доброто понудено решение од страна на Владата, МТСП и МОН. Владата прави се за да најде соодветно решение да најдеме заеднички јазик со СОНК за децата да се вратат во училиштата, а да имаме покачување на платите на воспитувачите, негувателите, професорите, наставниците. Местото на децата е во училиштето, местото на децата е во градинките и единствено одговорни за ова доколку не се најде соодветно решение ќе биде токму СОНК како организатори на овој штрајк,” рече министерката Тренчевска во своето обраќање до јавноста.






