понеделник, 8 декември 2025

Светски ученички куп во ПСУ „Јахја Кемал“

Објавено на

часот

Сподели

Светскиот ученички куп (The World Scholar’s Cup, WSC) е меѓународна тимска програма,која опфаќа ученици од над 66 земји. Целта на натпреварот е да се привлечат сите заинтересирани ученици, што покажуваат интерес заучење вон стандардната наставна програма. Целта на натпреварот е да се овозможи учество на ученици од различни култури во дебатни прашања од нашата современост. Натпреварот е одличнаможностученицитеда ги развиваат своите вештинизакритичкоразмислување. Овогодишната тема е – Возобновенсвет (A World Renewed).

Нанатпреварот право на учество имаат ученици од сите училишта. Предвидено е учениците да настапат тимски по тројца во еден тим. Не се исклучува можноста во еден тим да има ученици од различни училишта.

Тимовите ќе се натпреваруваат во четири категории:а) ученички предизвик,б) тимско писмено изразување,в) дебатирање во тимови,г) квиз на знаење.

Покрај четирите главни категории, ќе се спроведат и социјални активности од ненатпреварувачки карактер со цел да се постигне пријателска атмосфера помеѓу учесниците.

Тимовите може да се квалификуваат за годишното глобално финале, доколку се освојат доволен број поени на регионалниот натпревар. Турнирот на шампионите во 2022 година е закажан за 11-16 ноември 2022. на Универзитетот Јеил.

Тимовите се комбинираат во јуниорска и сениорска возраст. Учесниците повозрасните од 13 години го сочинуваат сениорскиот тим. На регионалниот натпревар во Скопје, јуниорската екипа ќе се натпреварува на 12-ти мај, а сениорите на 13-ти мај. Финалето за двете возрасти ќе се одржи на 14-ти мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ