понеделник, 8 декември 2025

СОНК засилен со Сусан Флокен попладнево на преговори во Владата

Објавено на

часот

Сподели

Неделков претпладнево изјави дека има сигнали за попладневна средба во Владата и нагласи дека по евентуално добиена нова понуда ќе треба да се спроведе анкета меѓу членството дали се прифаќа.

Извесно е дека утре ќе продолжи штрајкот, рече Неделков и најави дека каков и да биде исходот од сондажата, јавноста ќе биде информирана.

Сусан Флокен рече дека Европската синдикална конфедерација чиј член е СОНК ја поддржува борбата на наставниците во Македонија и нагласи дека иднината на земјата е во образованието во кое, нагласи, треба да се инвестира.

Штрајкот СОНК го започна на 11 април, а на 20 април ги отфрли заклучоците на Владата од нејзината седница претходниот ден за покачување на платите за 10 проценти кое би стартувало со новиот ребаланс на буџетот кој во собраниска расправа би требало да влезе во текот на идниот месец.

СОНК бара покачување на платите за 18,4 проценти и усогласување на платите согласно колективните договори, односно дополнително минималната плата да биде основица со која ќе се множат коефицинетите на сложеност на работни места.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ