понеделник, 8 декември 2025

СОНК и МОН одржаа средба за преговори за повисоки плати, согласност се очекува во петок

Објавено на

часот

Сподели

По двочасовната средба не беа соопштени детали од средбата, а нова СОНК и МОН ќе имаат в петок. 

Сепак, подоцна СОНК се огласи преку својата фејсбук – страница информирајќи дека темата на средбата беа колективните договори за основно и средно образование и дека двете страни расправаа по прашања кои треба да бидат составен дел на колективните договори.

„Исто така, се расправаше и за временската рамка за изработка, потпишување и примена на договорите во периодот кој следува. Конечното усогласување помеѓу двете страни во врска со ова прашање, како и други прашања поврзани со процентот на зголемување на платите, се очекува да биде постигнато во петок, 13 мај 2022 година, за кога е закажана и следната средба“, наведува СОНК во објавата на Фејсбук.

Синдикатот утре ќе има средба со Министерството за труд и социјална политика на која, како што наведуваат од МТСП, ќе биде отворено прашањето за Колективниот договор за предучилишни установи, кој истекува во јуни, како и прашањето за постојното законско решение во делот на исплата на плати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ