сабота, 12 јули 2025

Сојуз на средношколци: Или одиме на Уставен суд или пратениците да се изјаснат за предлог законот за превоз на ученици

Објавено на

часот

Сподели

„На тогашниот прес брифинг беше кажано дека  ако предлог-законот за превоз не се донесе во рок од најмногу 2 месеци, односно до 13 мај, Сојузот на средношколци ќе поднесе иницијатива до Уставниот суд за Судот да ја оцени уставноста на сегашните одредби. Денес изминува точно еден месец од доставувањето на предлогот и токму затоа ги повикуваме сите пратеници во Собранието јасно да покажат дека навистина ги поддржуваат средношколците, со што овој предлог ќе го внесат во собраниска процедура и ќе гласаат афирмативно за истиот“, бара Сојузот на средношколци.

 

Од Сојузот велат дека од претседателот на Собранието четири дена по доставувањето на законскиот предлог добиле известување дека текстот е доставен до сите пратеници. Инаку, предлогот бил доставен и до координаторите на сите пратенички групи, до Клубот на млади пратеници и до Комисијата за образование, наука и спорт.

 

Сојузот на средношколци нагласува дека станува збор за кратки и несложени измени и дека пратениците имале доволно време да го разгледаат предлог законскиот текст и да изградат сопствен став.

 

„Потсетуваме дека сегашниот текст е производ на повеќе средби и разговори, така што, дел од пратениците веќе имаат и претходно познавање на проблематиката. Оттука, предлогот е компромисен и консензуален. Очекувајќи предложените законски измени да добијат поддршка од сите пратеници и да бидат донесени по скратена постапка, Сојузот ги повикува координаторите на пратеничките групи и матичните тела да нè контактираат што поскоро“, се порачува преку ова соопштение.

                                                                                                                                    Фото: П.Џ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ