среда, 10 декември 2025

Социологија во пракса: Ученици го одведоа бездомникот Исмаил на потстрижување и бричење

Објавено на

часот

Сподели

„Дедо Исмаил е 38 години бездомник. Одамна го гледаме на ќошот на гимназијата ‘Никола Карев’, седнат, полуслеп, истоштен… Во придружба на кучето па и тоа е бездомник…

Одвреме – навреме децата му оставаат сендвич што го дели рамно на половина. Половина за него, половина за другарчето. Вчера, учениците од Карев разговараа со него за животот, за здравјето, за потребите… Скромен, вели, не му треба ништо освен чист џемпер и маица. За кратко време му ги подарија. Деца се тоа, чисти, жалосливи, искрени… Прашаа што може друго да сторат за него.

Дедо Исмаил одвај проговори дека би сакал некогаш да се избричи. Лека, полека, колку му дозволуваат годините што му натежнале, во придружба на ‘каревци’ го однесовме до првата берберница, каде љубезниот персонал го дотера.

Горда сум на вас деца, знам колку е убаво чувството кога теоријата ја оставате во училница. Делата се битни“, напиша професорката Валентина Панџарова на Фесјбук споделувајќи неколку фотографии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ