понеделник, 8 декември 2025

Шаќири: Колективните договори се тема на средбата со СОНК

Објавено на

часот

Сподели

„Конкретна финансиска понуда денеска нема да имаме. Ќе дискутираме за начин за изнаоѓање модел за конечната понуда и кога и како ќе почне да се реализира“, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири пред новата преговарачка средба со СОНК закажана со почеток во 14.30 часот.

Тој вели дека МОН има пресметки од Министерството за финансии и очекува на почетокот на идната недела, како што рече, „и за ова прашање да имаме конечен одговор и конечен догвор помеѓу двете страни”.

„Отворивме дискусија и сме при крај во преговорите за новите колективни договори и што ќе влезе во нив. Во секторот образование колективен договор не е потпишан повеќе од десет години“, додаде Шаќири по учеството на семинарот за регионалниот проект „Заживување на наставата по француски јазик во образовните системи на земјите од Западен Балкан”.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ