Шаќири денеска се обрати на синдикалците од СОНК со молба и апел да овозможат да се вратат ученциите на настава за да немаат повеќе дополнителни празнини кои тешко или никако нема да се надополнат.
Според него, најдобар интерес е учениците да се вратат во училниците, па денеска ќе испрати писмо до СОНК и ќе побара од нив да дозволат да се вратат учениците на настава.
„Апелирам до СОНК да им овозможиме на учениците навремено да ја завршат учебната година. Тоа е наша законска, морална и етичка обврска. Наставниците се најважна алка во образовниот процес, но и учениците се важна оска на секоја образовна политика и затоа не смеат повеќе да губат од наставата“, рече Шаќири кој на крајот упати и молба до синдикаците кои се на генерален штрајк да овозможат враќање на учениците назад во училишните клупи.
Преговорите меѓу претставниците на СОНК и министерот Шаќири вчера не резултираа со прекин на штрајкот во образованието, бидејќи не беше постигнат договор за зголемувањето на платите на просветните работници кое го побараа синдикаците предводени од Јаким Неделков.






