среда, 10 декември 2025

Сали: Вирусот е меѓу нас, секој ден имаме по 300 случаи, мора да имаме мерки

Објавено на

часот

Сподели

Вирусот сѐ уште постои и ја чека најмалата можност да се шири понатаму, а при секое ново отскокнување на бројот на позитивни на ковид-19 потоа се потребни две недели за да може преку мерки да се подзапре ширењето на заразата, рече министсерот Беким Сали како одговор на новинарското прашање дали може да се оцени моменталната епидемиолошка состојба како поволна.

Министерот рече дека од првиот ден кога стапнал на функцијата посакува да дојде денот кога ќе може да сопшти дека се укинуваат сите рестриктивни мерки, но дека состојбите се такви што мора да се биде внимателен.

Комисијата за заразни болести е таа што евентуално ќе оцени дека некоја од постојните рестриктивни мерки ќе може да се укине, рече Сали.

Според него, има одзив, но минимален, новата кампања за вакцинација против ковид-19 и акцијата „Караван за вакцинација“, но нагласи дека и не е задоволен од резултатите потенцијрајќи дека во Македонија сѐ уште е низок процентот на целосно вакцинирано граѓани.

Министерот за здравство Беким Сали денеска даруваше крв во рамки на крводарителската акција во Чифте Амам во Старата скопска чаршија, што ја организира Институтот за трансфузиона медицина во пресрет на 7 април – Светскиот ден на здравјето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ