понеделник, 8 декември 2025

Развој и примена на иновативни методи и при­ме­ри по математика, физика…

Објавено на

часот

Сподели

На дел од овие работилници ќе бидат претставени активности креирани во рамки на меѓународниот Еразмус проект „Разновидноста во природните науки низ социјална инклузија – неформално образование по природни науки и ученичка разноликост“ (DiSSI). Ќе бидат реализирани шест работилници на теми од природните науки (екологија, струјни кола и гасови) кои вклучуваат активности за социјална инклузија преку примена на 5Е моделот, како дел од учењето базирано на истражување и ескејп рум (Escape room) активности, како дел од учењето базирано на игра. Секој наставник, освен сертификат за учество во работилница, ќе добие и книга со активности, која претставува своевиден водич за имплементација на овие активности во училница и корисни совети за нивна реализација.

Овој Еразмус проект се реализира на Природно-математичкиот факултет во Скопје под раководство на проф. Марина Стојановска, а во него се вклучени и професорите Катерина Русевска, Ламбе Барандовски и Владимир Петрушевски. Проектот вклучува пет партнери: Германија како главен координатор, Велика Британија, Ирска, Словенија и Македонија. Главни цели на проектот се развој и примена на иновативни методи и при­ме­ри за добри практики за спра­­ву­вање со различни димен­зии на различноста (разлики во јазични вештини, културни разлики, социо-економски разлики, етнички разлики и работа со талентирани ученици), поддршка на наставниците, едукаторите и лидерите на образовните институции во справувањето со различноста и зголемување на мотивацијата и интересот на учениците за при­род­ни­те науки. Целните групи на проектот опфаќаат повеќе чинители во образовниот процес: ученици од различни средини, наставници во основни и средни училишта, студенти – идни наставници, креатори на образовни политики и научната заедница.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ