Од Министерството за финансии за МКД.мк велат дека се предлага решение со кое платите на вработените во ДИЦ да се усогласат со платите на административните службеници согласно Законот за административни службеници и законските прописи во Македонија.
„Од вицепремиерот Фатмир Битиќи добивме идентичен, како напамет научен текст на предлози, ист како од министерот за финансии и за образование. Ни нудат да добиваме К-15 кои пари законски ни следуваат, а досега незаконски не ги добиваме и за штго имаме поднесено пиостапка, а веројатно ќе има и приватни тужби против државата. Ни понудија линеарно покачување на платите за 2.000 денари, што би добиле половина од вработените, иако се бара различно покачување за различни позиции. Практично нашиот колетктивен дговор го прогласуваат за ништовен. Власта најде начини со ребаланс да го овозможи добивањето на покачување од 78 отсто на нивните функционерски плати, а не можат да создадат мал ребаланс за овие 30 вработени во Држаниот испитен центар“, рече на прес-конференцијата претседателката на синдикалната организација Емилија Бошковска.
Инаку, од ДИЦ денеска порачаа дека се повлекуваат од известувања за јавноста и новинарите ги упатија на надлежните министерства за секакво прашање од интерес за јавноста, а поврзано со испитниот центар или полагањето на матурата.
П.Џ.