понеделник, 7 април 2025

ОУ „Лазо Ангеловски“ во Аеродром стана првото целосно инклузивно училиште во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Општествената одговорност и инклузија, делувањето за потребите на заедницата и поддршката за најранливите категории се едни од основните принципи на работењето на Кроациа осигурување. Кроациа неколку години реализира донации наменети за потреби на децата.Со донација на сензорната соба дава свој придонес за создавање услови за соодветен развој и безгрижно детство.

На настанот присуствуваа градоначалникот Тимчо Муцунски и претседателот на Советот на општината Дејан Митески, хрватската амбасадорка Нивес Тигањ, претставници на компанијата и директорката на училиштето Магдалена Петреска.

Таа истакна дека со отворањето на оваа сензорна соба која е опремена со мноштво дидактички материјали, сензорни елементи и рехабилитациско-рекреациска опрема ќе биде од голема корист за учениците со попреченост.

ООУ „Лазо Ангеловски“, кое воедно е и најголемо училиште во општина Аеродром и во Македонија пред извесен период стана целосно инклузивно и достапно за сите ученици. Во изминатиот период училиштето доби инклузивни тоалети, беа поставени пристапни рампи, тактилни патеки, знаци, како и пристапен лифт за учениците со попреченост, а со оваа најнова инвестиција овозможена од Кроациа осигурување, ќе го заокружи циклусот на целосна пристапност за сите ученици.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ