понеделник, 8 декември 2025

Нова средба меѓу МТСП и СОНК на 17 мај: Ќе се унапредуват правата на вработените во детска заштита

Објавено на

часот

Сподели

На средбата се разговараше за барањата кои се дел од одлуката за штрајк на вработените во детските градинки, а за кои во изминатиот период не беше отворена дискусија. Исто така, се отвори и прашањето за платите на вработените за време на штрајк.

На состанокот беше договорено дека дијалогот продолжува и воедно се договори следна средба на 17.мај со цел изнаоѓање на решенија во рамки на позитивните законски прописи.

Страните разговараа и за формирање на работна група за нов Колективен договор за предучилишните установи, чија важност истекува со месец јуни. Новиот Колективен договор треба да понуди нови решенија кои ќе значат унапредување на предучилишното згрижување и воспитување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ