среда, 10 декември 2025

Неделков: МТСП се обидува да ги заплаши вработените во градинките, но зад нив стои СОНК

Објавено на

часот

Сподели

„Четврти ден од почетокот на штрајкот во градинките и училиштата, без понуда за зголемување на платите. Наместо наоѓање на решение на проблемот, МТСП врши обид да ги заплашува штрајкувачите во градинките со разноразни дописи. Почит и поддршка до сите вработени во градинките и училиштата кои се во штрајк и препорака да го прочитате текстот од химната на СОНК. Се ви е кажано“, напиша Неделков.

Синдикалниот лидер Јаким Неделков вчера за МКД.мк изјави дека особено Министерството за труд и социјална политика секојдневно врши притисоци и обиди за заплашување на вработените во градинките. На сите кои штрајкуваат и во образованието им порача да не се плашат од заканите дека ќе им бидат скратени дневниците зашто, како што нагласи, СОНК солидарно ќе ги заштити.

Во продолжение на својата денеша порака преку Фејсбук Неделков го пренесе текстот на Химната на СОНК:

„Во сите времиња, зад секоја бура,
зад нас стои синдикат
за образование, наука и култура (X2)
Во сите преговори, во сите договори,
во село и во град,
СОНК е моја заштита
мојот синдикат.
Реф:
Ние сме секогаш заедно,
одиме со крената глава,
СОНК се бори! Се ќе стори!
За нашите права.
Бидете со нас! А не за нас!
СОНК е клетва и заклетва !
И под притисоци и громови чести,
решаваме проблеми,
со преговори или штрајкови
и протести.
Реф:
Ние сме секогаш заедно
одиме со крената глава,
СОНК се бори! Се ќе стори!
За нашите права.
Бидете со нас! А не за нас!
СОНК е клетва и заклетва“!

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ