Како што соопшти МОН, право на учество на конкурсот имаат сите автори кои ги исполнуваат условите пропишани со членот 10 од Законот за учебници за основно и средно образование.
„Притоа, на конкурсот може да учествува автор на учебник само со еден ракопис за учебник за еден наставен предмет и истиот треба да биде изработен според наставниот план и програми за соодветната година, предмет и Концепцијата за учебник за основно и средно образование“, велат од МОН и додаваат дека крајниот рок за доставување на ракописите за учебници е 25.7.2022 година.
Повеќе детали околу сите дополнителни услови, критериуми, потребната документација и начинот на достава може да се обезбедат на линкот на сајтот на МОН.






