Посочи дека се уште важат препораките наставниот и техничкиот кадар да носат маски.
„За укинување на останатите мерки ќе почекаме уште една недела. Епидемиолошката состојба има тренд на надолна линија, се намалува бројот на заразени и хоспитализирани. За средните училишта за наставниот и техничкиот кадар останува препораката да носат маски, а за учениците во основно училиште останува препораката за укинување на маските. Само оние кои сметаат дека треба да носат маски, можат во училиште. За факултетите ќе видиме како ќе биде епидемиолошката состојба, сега за сега нема влошување и може да очекуваме дека на следната седница ќе бидат на дневен ред и мерките кои се однесуваат на факултетите“, вели д-р Мехмедовиќ.






