среда, 10 декември 2025

Матичните лекари утре повторно на протест, ќе примаат само итни случаи

Објавено на

часот

Сподели

Матичните лекари бараат да се подигне цената на капитацискиот бод по пациент, за која беа ветени 95 денари, како и измени на Законот за здравствена заштита со кои сите пациенти наместо да бидат „врзани“ за факсимилот на лекарот ќе ѝ припаѓаат на матичната ординација.

Матичните доктори и докторите специјалисти од секундарното здравство, од Здружението на приватни лекари утре повторно ќе протестираат исто како и на 18 февруари, односно нема да работат со пациенти закажани преку „Мој термин”, туку ќе примаат само итни случаи.

„Бидејќи никој од надлежните не ни се јави ние се решивме повторно на мирен протест“, вели д-р Лилија Чолакова Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари.

Според неа, приватното здравство две недели им остави на надлежните како што беше заеднички договорено, да се формираат работни групи и да започне со ветените реформи, затоа што незадоволството на приватните лекари е големо. Но, откако за две недели ништо не се случи, повторно излегуваат на протест со цел да го задржат вниманието на здравствените власти за сериозноста на проблемот.

На средбата што се одржа пред две недели беше најавено дека проблемите наскоро ќе се решат.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ