среда, 10 декември 2025

Македонија и Бугарија потпишаа Програма за соработка во областа на образованието

Објавено на

часот

Сподели

„Верувам дека овој документ ќе ги зајакне пријателските односи и довербата помеѓу двете соседни земји и дека целосно ќе го ефектуираме во периодот за кој ќе се однесува, а тоа е до крајот на 2025 година”, рече Шаќири, образложувајќи дека програмата предвидува вмрежување на образовни и научни установи и мобилност и стипендирање на престои на научници и истражувачи кои преку размена на искуства и нивна примена во двете земји, ќе унапредат важни аспекти и на образованието и на науката. Се очекува и воспоставување на соработка за реализација на бројни заеднички проекти во рамки на европските образовни програми.

„Посакувам во иднина овие области, заедно со економијата да останат приоритетен фокус на двете земји и заедничките активности да бидат насочени во тој правец, затоа што тоа е она што ги интересира граѓаните – поквалитетно образование и можности за надградба на личниот потенцијал, подобри можности за работа и повисоки плати. Да ги затвориме оние поглавја од билатералните односи кои создаваат разни форми на тензичност и едноставно го поткопуваат добрососедството”, потенцираше Шаќири.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ