вторник, 6 мај 2025

Килограм свежо овошје неделно ќе добива секое дете во градинките

Објавено на

часот

Сподели

Со оваа програма на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе бидат опфатени 38.000 деца од сите градинки во државата.   

„Во соработка со компанијата Ново Нордиск и УНИЦЕФ и учество на претставници од релевантни институции, направивме измени во Правилникот за стандарди и нормативи за исхрана во градинките кои предвидуваат зголемен внес на свежо овошје и зеленчук. Потоа, месечната листа на јадење да биде секој ден различна, бидејќи нашето поднебје располага со богат избор на овошје и зеленчук, за подготовка на оброците во детските градинки“, изјави министерката Тренчевска при посетата на градинката 13 Ноември.

Таа подвлече дека здравата исхрана на децата од најмала возраст, е од особено значење за нивниот правилен психо – физички раст и развој.

 „Верувам дека сите ја знаеме поговорката дека храната може да биде лек, но може да биде и болест. Јас само ќе додадам дека „храната треба да биде лек, а лекот треба да е храна“, за да имаме здрави и среќни генерации“, рече Тренчевска.

„Оваа програма е продолжение на она што го започнавме минатата година, но сега со двојно поголем буџет. За оваа година, издвоивме 40 милиони денари со кои ќе се откупат 880.000 килограми овошје од прва класа и тоа најмалку 90.000 килограми кајсии, 175.500 килограми праски, 168.000 килограми сливи, 74.000 килограми круши, 370.000 килограми јаболки. Секое дете, еднаш неделно ќе добие по еден килограм свежо сезонско овошје. Тоа е целта, децата да јадат свежо овошје кое е соодветно на сезоната во која се произведува“, изјави Николовски.

Минатата година беа откупени околу 750.000 килограми домашни јаболка и беа дистрибуирани до 350 основни училишта, односно до сите 186.000 ученици, рече министерот и нагласи дека тогаш кажал дека проектот ќе се развива.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ