недела, 11 мај 2025

Излегоа првите пронајдоци од лабораторијата за биотехнологии во училиштето Марија Кири Склодовска

Објавено на

часот

Сподели

Во фокус на стартапите се нови козметички органски производи, производи од прехранбената индустрија, производство на кујнски прибор од органски материјали и иновативни производи и храна за домашни миленици. Исто така на стартапите дополнително им се нуди можност за бизнис профилирање и бесплатна менторска поддршка преку онлајн бизнис платформата bizz4all.mk .

Во лабораторијата за биотрансформации во изминатиот период се одвиваа две програми со една цел, трансформација на биоотпадот, кревање на свеста за биотехнологиите и нејзините можности.

Првата програма „Биолошки отпад за една индустрија, ресурс за друга“ вклучува над 30 мали, средни и големи компании кои ги претставија своите продукти од биоотпад и начините на биотрансформација.

Предизвикот „Bio Hack My World 2023“ е инкубаторска програма за развој на идеи за трансформација на биоотпад, наменета за стартапи, ученици, млади иноватори, ентузијасти и вљубеници во науката.

Новоопремената лабораторија за биотрансформации подджана од UNDP и UNICEF заедно со Град Скопје, служи како центар за поттикнување љубопитност и инспирaција за заедницата на претприемачи, каде млади луѓе, едукатори и ентузијасти имаат можност да иновираат и експериментираат во доменот на пренамена на моделите на биоотпад и циркуларната економија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ