петок, 12 декември 2025

ИЈЗ: намален бројот на позитивните случаи на ковид-19, на реинфекции и на смртни случаи

Објавено на

часот

Сподели

Процентот на позитивност во овој период се движи од 22,5% до 35,6% или просечно 29,5% од тестирани вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Притоа има намалување од 13,2% во однос на претходната недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=5.300 или 53,0%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 1.069,1/100.000. Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапени се возрасните групи на лица на возраст над 60г (n=2.455 или 24,6%) и 30-39г (n=2.004 или 20,1%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9г (n=312, односно 3,1%). Се забележува намалување на бројот на заболени кај скоро сите возрасни групи, со најзабележително намалување од 23,9% кај возрасната група од 30-39г, додека зголемување се забележува кај возрасните групи од 0-9г со 21,4% и над 10-19г со 16,5% зголемување во однос на претходната недела.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0%  во однос на претходната недела.

Пријавени се и 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (51). Во однос на возраста, најголем број (n=137; 93,2%) од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50-59 години (7), 40-49 години (1) и 30-39 години (2).

Што се однесува до бројот на вакцинирани, од почетокот на вакцинацијата во земјава на 17.02.2021 заклучно со 06.02.2022, вакцинирани се вкупно 867.529 лица со барем една доза на вакцина против ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 845.121 лица, а со трета доза се вакцинирани 132.488 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ