Во периодот од 21 до 27 март вкупно биле направени 419 паралелни тестирања за грип и ковид-19, а утврдени се спомнатите четири случаи на грип.
Бројот на пријавени лица во текот на таа недела, споредено со 12-та недела од минатата сезона е намален за 86 отсто, а во споредба со бројот за 12-та недела од типичната епидемиска крива од последните 10 години се регистрира намалување од 98,8 отсто, велат од Институтот за јавно здравје и нагласуваат дека оваа сезона „не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип“.

Во сезоната 2021/22 вкупно биле пријавени 3.676 заболувања на грип или на слични на грипот, покажуваат податоците на Институтот.
Најголем број на случаи на заболувањата од овој тип се регистрирани во месеците декември и јануари. Во декември – 1.304 случаи или 35,5%, а во јануари – 1.539 случаи или 41,9%, додека во текот на минатиот месец само 51 случај, односно 1,3 отсо од случаите.
Со паралелните тестирања за грип и ковид-19, кај девет лица било потврдено истовремено заболување со двете болести.
П.Џ.






