Маски во затворено за највозрасните и хронично болните, но не и во училиштата, предложи во разговорот за ТВ Канал 5 Даниловски.
„Влезени сме во зелена зона оттаму дефинитивно е потребно да се укинат сертификатите за вакцинација, тоа требаше и порано, но треба да останат препораките за носење маски во затворени простории особено за луѓе кои имаат хронични заболувања и се постари од 65 години“, вели Даниловски.
Тој смета дека војната во Украина и бранот на бегалци нема значајно да ја наруши епидемиолошката состојба во која се наоѓа Макеоднија.






