Во 2020 година, на над 106.000 граѓани на ЕУ им бил дијагностициран меланом што го прави шести најчест вид на рак и една од дваесетте најчести причини за смрт од рак, се посочува во заедничката изјава на Европската академија на дерматовенеролози потпишана од претседателите на дерматолошките асоцијации од Европа, меѓу кои и од Здружението на дерматовенеролози на Македонија.
„Кератиноцитните карциноми (кои вклучува карциноми на базалните клетки и сквамозните клетки) се далеку најраспространети од сите видови на рак и додека не се опасна по живот во повеќето случаи, може значително да влијаат на квалитетот на животот на пациентот. Голема загриженост е тоа што кератиноцитните карциноми се најбрзо растечките карциноми, а инциденцата се очекува да продолжи да расте (за над 40% до 2040 година), претставувајќи огромен предизвик за здравствените системи. Ова не мора да биде случај, бидејќи ракот на кожата е дел од 40 проценти од карциноми што може да се спречат и чија инциденца би била значително намалени доколку се прифатат посвесни и поодговорни однесувања”, стои во заедничката изјава.
Беспланите дерматолошки прегледи ќе се вршат во Градскиот парк на платото кај споменикот на Гоце Делчев од страна на доктори дерматолози од приватниот сектор и државните клиники. При тоа ќе биде делен и едукативен материјал за граѓаните.
На настанот најавени се обраќања на заменик министерот за здравство доц. д-р Владимир Рендевски, претседателот на Здружението на дерматовенеролози на Македонија проф.д-р Андреј Петров и проф. д-р Сузана Николовска, директорка на ЈЗУ Универзитетската Клиника за дерматологија – Скопје.






