среда, 10 декември 2025

300 новозаразени на ковид-19, едно починато лице од Битола

Објавено на

часот

Сподели

 Од вкупниот број на позитивни (300), регистрирани се 59 реинфекции. Регистрирани сe 197 оздравени пациенти: од Скопје – 129, Битола – 16, Кавадарци – 10, Прилеп и Куманово – по 8, Гевгелија и Ресен – по 4, Гостивар – 3, Штип, Кочани, Дебар, Берово и Богданци – по 2, Велес, Охрид, Струмица, Кичево и Виница – по 1.

 Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Битола (71г), починато во болнички услови со регистрирани коморбидитети.

Досега во земјата се направени вкупно 1.966.968 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.474, бројот на оздравени пациенти е 295.434, на починати е 9.227, а бројот на активни случаи изнесува 1.813.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ