Додава дека инвестицијата од 25.721.284 денари, финансирана од Владата овозможува комплетна реконструкција на коловозот, изведба на нови асфалтни слоеви, санација на оштетените делови, поставување нови рабници и подобрување на сообраќајната сигнализација.
„Дополнително, извршено е нивелирање на шахтите, со што се обезбедува поголема безбедност и комфор при движењето на сите учесници во сообраќајот“, пишува Мицкоски и додава дека овој проект е од огромно значење за локалната заедница, бидејќи значително го подобрува сообраќајниот проток, ја зголемува безбедноста и го олеснува секојдневното функционирање на граѓаните.






