Од АМСМ информираат дека е нормализиран сообраќајот на делницата од Струмица до село Василево на регионалниот пат Струмица – Радовиш, кој беше затворен за сообраќај поради пожар на сува трева. Сообраќајот се одвиваше по стариот пат.
Од ЦУК претходно информираа дека пожарот го гаснеа тројца струмички пожарникари со едно противпожарно возило.






