Минималните температури ќе бидат во интервал од минус 4 до 2, а максималните ќе достигнат од 12 до 17 степени.
Времето во Скопје ќе биде претежно облачно и тивко. Во делови од котлината има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 16 степени.
„Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен в четврток, кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде поизразен долж Повардарието“, соопшти УХМР.






