среда, 21 јануари 2026
Време

Облачно со врнежи од снег

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег и дневни температури од -2 до 6 Целзиусови степени. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cантиметри. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 1 до 7 степени. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб јужен ветер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ