Преодно стабилизирање на времето ќе има само во понеделник, а веќе од вторник до крајот на работната недела под влијание на циклонска активност ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, додека во среда наместа ќе наврнат и над 20 l/m². Ќе дува умерен до засилен ветер претпладне од северозападен, а попладне од североисточен правец. Во четврток врнежите ќе бидат пообилни во југоисточните делови (над 15 литри на метар квадратен), а веќе во петок со послаб интензитет.
Време
Облачно со врнежи од дожд во источните делови на земјата
Времето денеска променливо облачно со услови за краткотраен локален дожд во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималните температури наместа ќе се спуштат под нула, а дневната ќе достигне до 18 степени.

Објавено на
часот





