сабота, 11 април 2026
Време

Облачно со услови за слаб дожд

Времето денеска во Македонија ќе биде претежно облачно, а претпладне во источните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 17 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, претпладне со услови за слаб дожд, а потоа променливо облачно со пократки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 16 степени.

УХМР најавува дека утре и задутре следува преодна стабилизација на времето. Утре ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а задутре претежно облачно со краткотрајни сончеви периоди во централните делови од земјава. Од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд. Во вторник врнежите ќе бидат претежно во западните и северните делови. В среда и в четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток, кога ќе има и услови за појава на ретки грмежи. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 километри на час.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ