Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни проследени со појава на грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Минимална температура ќе се движи од 6 до 12, а максималната од 20 до 25 Целзиусови степени.