Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе се движат од 17 до 25 Целзиусови степени.