Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Oд утре, под влијание на циклонска активност, се очекуваат нови врнежи од дожд. Променливото облачно и посвежо време ќе се задржи во текот на целата работна недела. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m², а на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури наместа ќе се спуштат и под нула, а дневните во четврток ќе достигнат максимум до 12 степен.






