вторник, 3 февруари 2026
Време

Облачно со сончеви периоди и температури до 11 степени

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец и дневни температури од 6 до 11 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 7 до 12 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ