Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Дневните температури ќе се движат од 3 до 10 степени.






