Во Скопје ќе биде променливо облачно, претпладне со повремен дожд, а локално пороен. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура 13 степени, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во западните делови наместа повремено засилен ветер од југозападен правец.
В недела ќе биде променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец






