Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има појава на нестабилност со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се движи од 2 до 8, а максималната од 12 до 18 Целзиусови степени.