Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и особено во ноќните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд. Минималната температура ќе се движи од 5 до 12, а максималната од 19 до 26 Целзиусови степени.