Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 16 степени.
Според најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
В недела, пак, ќе има брз продор на студена воздушна маса од север и врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег.