Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

И за време на викендот времето ќе биде претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд и дневни температури до 22 Целзиусови степена. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.






