Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, а кон крајот на денот и во текот на ноќта засилен северен ветер.

Утре наутро ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималните температури ќе се движат од -8 до 0, а максималните од -2 до 6 Целзиусови степени.






