Во Скопје, променливо облачно со услови за повремени локални врнежи од дожд.
И утре времето ќе биде облачно со појава на ретки грмежи и локални врнежи од дожд наместа пообилни (над 30 l/m² ), а на повисоките планини од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Дневните температури ќе се движат од 5 до 11 степени.






